ЛШ заминува во историја: Како ќе изгледа составот на Европската Супер лига?

EPA-EFE/JUANJO MARTIN

По признавањето на претседателот на Барселона во заминување, Хосеп Марија Бертомеу, дека го потпишал договорот за влез на Каталонците во Европската Супер лига, јасно е дека наскоро ќе оживее посакуваното натпреварување на богатите, според првите најави од септември 2022 година.

Целта на овој формат на натпреварување е да се направи најсилната лига во фудбалот во „најважната споредна работа во светот“, како што веќе постои во кошарката (НБА).

Би учествувале 18 клуба, ќе се игра според системот едни со други, покрај Барса, од Шпанија се очекува да учествуваат уште мадридските ривали Реал и Атлетико, како и Севиља.

Барселона ќе има нов претседател, Бартомеу поднесе оставка

Доколку се покажат тврдењата на американските медиуми, сопствениците на клубовите од Премиерлигата гледаат потенцијал за огромни пари. Ливерпул и Манчестер јунајтед сигурно ќе бидат дел од лигата, а „влегуваат“ и извесните Манчестер сити и Челси.

Место „обезбедија“ Јувентус, Интер и Милан, бидејќи Ањели заедно со Баерн и претседателот на Реал, Флорентино Перез, беше главниот заговорник на ова натпреварување, па затоа е јасно дека Борусија Дортмунд, како и богатиот ПСЖ, ќе бидат дел од оваа лига.

Сè уште не е познато што ќе биде со Арсенал и Тотенхем, но доколку има 18 клуба, нема да има место за лондонските ривали. Значи, по четири англиски, италијански и шпански екипи, по три од Германија и Франција.

EPA-EFE/Julien de Rosa

Реагираше и УЕФА, нарекувајќи ги клубовите себични, лигата здодевна, натпреварување кое заборава на спортските принципи и еднакви шанси за сите. Целта е јасна, да се избегне Европската куќа на фудбалот, да се подигнат големи пари, да се ослободат од натпреварите со „аутсајдери“ за време на есента.

Исто така се најавува дека најдобрите холандски, дански, белгиски клубови, веројатно со Шкотите, ќе формираат Северноатлантска лига, би можеле да се приклучат и скандинавците (Швеѓани, Норвежани и Финци), а останува да се види како ќе се реагира и на Балканот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот