ЛШ: „Вртенката“ на Маџовски во ТОП 5 голови на колото! (ВИДЕО)

facebook.com/rkeurofarmrabotnik

Еурофарм Работник пред своите фанови загуби од Татран Прешов со 23:24 во петтото коло од групата „Ц“ во Лигата на шампионите, гостите до триумфот стигнаа со гол во последните секунди.

Очигледно битолскиот клуб во својата дебитантска сезона во ЛШ е претплатен за драми во елитното ракометно натпреварување,

Клубот предводен од тренерот Стевче Алушовски имаше нов возбудлив меч полн со пресврти и неизвесност до самиот финиш. За жал, вицешампионот на Македонија на крајот остана со празни раце, а словачката екипа си замина со победа.

За утеха еден од погодоците на Еурофарм Работник се најде во Топ 5 голови на колото во Лигата на шампионите. Во завршните минути од средбата во салата „Боро Чурлевски“, Бојан Маџовски (стрелец на два погодоци) со една многу тешка „вртенка“ успеа да ја испрати топката во мрежата на гостите се најде на третото место.

Топ пет голови на колото во изборот на ЕХФТВ можете да ги погледнете на следниот ЛИНК

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот