ЛШ: Во продажба билетите за дуелот Вардар-Порто

фото: Слободен печат

Од денеска во продажба се пуштени поединечните билети за следните два домшни натпревари на Вардар, во ЕХФ Лигата на шампионите со Порто и во СЕХА Газпром лигата против Нексе. Продажбата ќе се врши на билетарницата на СЦ „Јане Сандански” – Скопје и онлајн преку www.ticketplus.mk

На 22 септември Вардар го игра вториот натпревар од групната фаза од ЕХФ лигата на шампионите против Порто. Натпреварот е закажан за 17 часот во Спортскиот центар „Јане Сандански”.

Цената на билетите за натпреварот со Порто се:
трибина – 350 денари
А блок – 400 денари

Купувањето на билетите е можно 24/7 преку онлајн – www.ticketplus.mk и на билетарницата на СЦ „Јане Сандански” секој работен ден од 10 до 18 часот.

Воедно на 24 септември македонскиот шампион ќе биде домаќин на Нексе во СЕХА Газпром лигата. Мечот е закажан за 20.45 часот. Цената на билетот за овој натпревар е 50 денари.

Истиот може да се купи преку онлајн – www.ticketplus.mk и на билетарницата на СЦ „Јане Сандански” секој работен ден од 10 до 18 часот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот