ЛШ: Вардар со Стоилов против Кил! (ФОТО)

rkvardar.mk

ЕХФ и официјално ги објави имињата со кои ќе настапат Вардар и Кил на вечерашната мега пресметка од четвртото коло во Лигата на шампионите.

По подолго време во составот на македонскиот и европски шампион се враќа пивотот Стојанче Стоилов, но тренерот Давид Писонеро сеуште не може да смета на услугите на новото летно засилување, бразилскиот десен бек Хозе Толедо.

Иако на прес конференцијата пред мечот Вардарци најавија дека во составот нема да биде Стоилов, тој е на располагање за денешната средба, но прашање е дали е максимално подготвен за настап или само од клупата ќе биде голем мотиватор, што исто така би значело многу за тимот во остварувањето на нова голема победа.

Вардар: Гедбан, Кугис, Атман, Чупиќ, Дибиров, Димитриоски, Дисингер, Горбок, Горпишин, Калараш, Кристопанс, Шишкарев, Сикошек Пелко, Скубе, Стоилов.

Кил: Билик, Дамке, Дувњак, Екберг, Хорак, Кристјансон, М. Ландин Јакобсен, Н. Ландин Јакобсен, Нилсон, Пекелер, Квенстед, Рамел, Реинкинд, Винчек, Зарабец.

Вардар и Кил досега шестпати играле меѓусебе во ЛШ. „Црвено-црните”двапати победиле, последен пат лани во четвртфиналето. Тогаш поради повеќе голови во гости се пласираа на Ф4 турнирот во Келн. Со „зебрите” играа и на Суперглоуб сезонава и тогаш во полуфиналето загубија со 30:34.

Денешниот дуел започнува од 17.30 часот, како што е веќе познато салата е распродадена, се очекува една одлична ракометна атмосфера во СЦ „Јане Сандански“ – Скопје.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот