ЛШ: Вардар со Горбок и Калараш против Монпелје! (ФОТО)

фото: рк вардар

„Црвено-црните“ пред своите верни навивачи ќе се обидат со победа да ја завршат групната фаза во ЛШ…

Вардар против Монпелје денеска ќе го игра последниот натпревар од групата „Б“ во Лигата на шампионите, а викендов воедно ќе го дознае и ривалот во осминафиналето: ПСЖ, Пик Сегед, Фленсбург или Алборг.

Иако беше препорачано од македонската Влада сите спортски настани викендов да се одржат без гледачи на трибините, за што во најголем дел беше почитувано, европскиот шампион ја информираше јавноста дека овој дуел ќе се игра во присуство на публика.

принтскрин/ехф

Натпреварот е закажан за 17,30 часот во СЦ „Јане Сандански”, традицијата е на страна на Вардар.

Во досегашните 8 натпревари, „црвено-црните” победиле на 6, еден дуел завршил нерешено, а само еднаш Вардарци загубија и тоа во полуфиналето на Ф4 во Келн во 2018 година.

Тренерот Стефче Алушовски на пресот изјави дека Сергеј Горбок и Глеб Калараш имаа проблеми со вироза, но и двајцата се во составот за денешната пресметка против Французите.

Судии на мечот се Михал Бадура и Јарослав Ондогрекула од Словачка. ЕХФ делегат е Предраг Павичевиќ (Црна Гора).

Руското лево крило на „црвено-црните“, Тимур Дибиров уште еднаш потсети на финансиските проблеми кои ги има клубот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот