ЛШ: Вардар без Дисингер и Горбок по бодови во Брест

rkvardar.mk

Денеска од 17.30 часот по македонско време екипата Вардар ќе го одигра претпоследниот натпревар за годинава во Лигата на шампионите, „црвено-црните“ гостуваат во Белорусија кај екипата на Брест Мешков.

За денешниот дуел во редовите на европскиот шампион се враќа десниот бек Даинис Кристопанс, додека пак ќе ги нема Кристиан Дисингер. Сергеј Горбок, и Хозе Толедо кој останува сеуште во „аут“.

Во меѓусебните дуели на Вардар и Мешков во лигата на шампионите, нашиор првак има три победи на пет натпревари. Во првиот меѓусебен дуел сезонава во ЛШ победи Вардар со 36:31 во СЦ „Јане Сандански“ – Скопје.

Вардарци се на петто место на табелата во „Б“ групата со девет бодови, а разликата меѓу нив и вторпласираниот Монпелје е само два бода.

После ремито на Мотор Запорожје во Германија кај Кил, сега ситуацијата е уште покомплицирана и сите повеќе екипи сериозно се во игра за првото место.

Составот на Вардар за денешниот дуел против Мешков Брест: Гедбан, Кугис, Кизиќ, Атман, Чупиќ, Дибиров, Димитриоски, Горпишин, Калараш, Карапалевски, Кристопанс, Кукуловски, Шишкарев, Сикошел Пелко, Скубе, Стоилов.

Лига на шампиони, 9. коло

„Б“ група

Кил-Мотор Запорожје 32:32

Денеска, двојки
17.15 часот Монпелје-Порто
17.30 часот Веспрем-Келце
17.30 часот Мешков Брест-Вардар

Табела:

1.Кил 14 бодови
2.Монпелје 11
3.Веспрем 10
4.Келце 10
5.Вардар 9
6.Порто 8
7.Мотор Запорожје 2
8.Мешков Брест 2

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот