ЛШ: Вардар 1961 во обид да го изненади Флензбург!

фото: jozo cabraja/seha liga/

После првиот одигран меч сезонава во Лигата на шампионите (пораз на гости кај Мешков Брест, 24:22) за ракометарите на Вардар 1961 следуваше речиси едномесечна принудна пауза поради одложување на две средби поради коронавирусот.

Но, сега за „црвено-црните“ и тренерот Стевче Алушовски следува период на два натпревари на домашен терен во СЦ „Јане Сандански“ – Скопје, првиот е денеска од 20.45 часот против Флензбург, а потоа и против Порто на 22 октомври 2020 година.

Вардар против германската екипа на Флензбург досега одигра четири натпревари во ЛШ, и сите беа од четвртфиналната фаза. Само еднаш Вардарци се поразени, на гостувањето во 2014 година (24:22), а потоа трипати триумфираа. Последен пат со бундеслигашот играа во април 2017 година. Тогаш двапати славеа и обезбедија настап на Ф4 турнирот во Келн каде што се закитија со титулата европски шампион.

Алушовски: Имаме шанси на крајот да се радуваме против Флензбург

Алушовски единствено нема да може да смета на Томислав Јагуриновски кој имаше позитивен тест на ковид-19. Сите други се во тренажен процес и тренираат за првиот домашен натпревар во елитното клупско натпреварување сезонава на Вардар 1961.

Најголемиот проблем за вардарци е немањето на силни натпревари во претходниот период за да може да се темпира формата, да се подобри играта, да се исправат грешките. Но, од клубот се надеваат дека со борбена, дисциплинирана игра може да се дојде до добар резултат против досега непоразениот во групната фаза.

Лига на шампиони
Група „А“, 4. коло

Кјелце-Мешков Брест 34:27
Денеска: Вардар 1961-Флензбург (20.45 ч.)
Денеска: ПСЖ-Елверум (20.45 ч.)
Денеска: Порто-Пик Сегед (20.45 ч.)

Табела:

1.Кјелце 6 бодови (4 натпревари)
2.Флензбург 6 бодови (од 3 натпревари)
3.Мешков Брест 4 бодови (3 натпревари)
4.Порто 2 бодови (3 натпревари)
5.Елверум 2 бодови (2 натпревари)
6.ПСЖ 0 бодови (2 натпревари)
7.Вардар 1961 0 бодови (1 натпревар)
8.Пик Сегед 0 бодови (1 натпревар)

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот