ЛШ: Вардар 1961 стартува во Брест, македонски дуел Лазаров против Манасков

Фото: РК Вардар 1961/Денис Дуковски

Денеска со натпреварите Мешков Брест-Вардар 1961 и Целје-Алборг кои започнуваат од 18.45 часот стартува новата сезона во машката ракометна Лига на шампионите.

Поради коронавирус и натаму не е завршена сезоната 2019/20, победникот ќе го дознаеме кон крајот на годината со Ф4 турнирот во Келн, па така Вардарци и во новата сезона влегуваат како актуелни европски шампиони.

Во рамките од групата „А“ прв ривал на играчите на тренерот Стевче Алушовски е белорускиот претставник Мешков Брест во чии редови годинава се пресели екс членот на Вардар 1961, Словенецот Сташ Скубе.

„Црвено-црните“ се во комлетен состав, а во истиот се наоѓа и пивотот Стојанче Стоилов кој се опорави од Ковид-19.

Оваа сезона, натпреварувањето ќе се одвива во нов формат, две групи со по осум екипи. Првопласираните две екипи од секоја група директно ќе се пласираат во четвртфиналето, додека екипите од третото до шестото место ќе разигруваат во осминафиналето.

Да додадеме уште дека денеска од 20.45 часот се закажани уште два натпревари, Фленсбург-Кјелце и македонскиот дуел помеѓу Нант на Кирил Лазаров и Веспрем на Дејан Манасков.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот