ЛШ, Тухел: Одбраната ќе биде многу важна против Аталанта!

Фото: psg.fr

Тренерот на ПСЖ, Томас Тухел ги сподели очекувањата за четвртфиналниот натпревар од Лигата на шампионите против Аталанта.

Добрата одбрана ќе биде многу важна против Аталанта. Тие имаат сосема уникатен стил. Напаѓаат со сите играчи, цело време напредуваат и притискаат насекаде. Гомез е насекаде и секогаш е мобилен. Тој се обидува да комуницира со другите играчи на мал простор.

Сето ова значи дека мора да бидеме многу фокусирани во одбраната и да се обидеме да не попуштиме. Но, знаеме дека ќе биде многу тешко да се игра на нула против Аталанта. Нашиот голман Кејлор Навас може да биде клучен играч, бидејќи тој е секогаш смирен и има големо искуство на овие натпреварувања – вели Тухел.

Мечот ќе се одржи утре (12 август) во Лисабон со почеток од 21.00 часот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот