ЛШ: Светските обложувалници не му веруваат на Вардар!

EPA-EFE/SASCHA STEINBACH

Европски ракометен шампион Вардар е четврти фаворит во трката за европскиот врв оваа сезона 2019/20, според светските обложувалници.

Веќе се истакнати коефициентите пред почетокот на ЛШ, прв фаворит повторно е ПСЖ, тим кој и лани го имаше истиот статус, па на крајот не го виде Келн. За нив е одреден 2.25 коефициент, втор на листата е тимот кој двапати Вардарци го исфрлаат во полуифиналето, Барселона.

Коефициентот за шпанците е 3.20, додека за унгарскиот Веспрем одреден е коефициентот 6.00. На македонскиот и европски шампион му се дава коефициент 12.00 за да ја одбрани шампионската титула.

Ракометарите на Писонеро досега тренираа во Скопје, а во наредниот период ќе се подготвуваат во Требиње, по што ќе следува серијата на контролни мечеви. Првиот меч во ЛШ ќе го имаат на 14 септември на гостувањето во Франција против Монпелје.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот