ЛШ: Стартниот состав на Шкендија против Номе Калју

facebook.com/fcshkendija

Шкендија по првиот меч во Естонија има минимална предност од 1:0 и со добри шанси да се пласира во следната фаза од квалификациите.

Тимот на Османи најавува дека максимално сериозно ќе му пристапат и на денешната пресметка и со сите сили ќе одат на нов триумф.

Познат е и стартниот состав, на голманската позиција е Захов, во одбраната Мици, Муслиу, Бејтулаи и Мурати. Потоа, во средниот ред се Хусмани и Алими, веднаш пред нив Радески, А. Ибраими и Тотре, а најистурен во нападот Б. Ибраими.

Победникот од овој дуел во второто квалификациско коло од Лигата на шампионите ќе оди на подобриот од пресметката Сараево-Селтик.

Шкотите по првиот дуел имаат позитива од 3:1, па можен уште еден спектакл во главниот град, но треба првин да се помине првото коло.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот