ЛШ, СПЕКТАКЛ: Вардар ги продаде билетите за само три дена!

РК Вардар 1961, двократен европски шампион/Фото: РК Вардар

Управата на европскиот шампион Вардар успеа да ги продаде билетите за дуелот од Лигата на шампионите меѓу Вардар и Веспрем (Унгарија) за неполни три дена, пренесува „Вардар фанс“.

Ова значи дека Вардарци ќе имаат силна поддршка од тробините во Спортскиот центар „Јане Сандански“ – Скопје на последниот натпревар пред својата публика за оваа календарска година.

Во главниот град доаѓаат Штербик, Борозан, Манасков, играчи кои знаат како е да се игра пред полна сала и навивачи како што се „Комитите“.

Инаку, ова нема да биде сè, управата на Вардар ќе пушти и дополнителни билети кои ќе бидат за стоење, а нивната цена ќе изнесува 150 денари.

Дуелот на Вардар и Веспрем се игра на 1 декември во Скопје од 17.00 часот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот