ЛШ: Шкупи триумфираше против кипарската Омонија
После поразот на стартот од главната фаза во квалификациите во Футсал – Лигата на шампионите со 2:7 од ерменскиот Лео, денеска македонскиот футсал првак во Хрватска дојде до првиот триумф.
Во рамките од групата „6“ на теренот во Макарска, футсалците на Шкупи со резултат 7:4 славеше против кипарскиот претставник на Омонија.
За Шкупи по двапати во листата на стрелците се запишаа Сефери (2:44, 32:34) и Левески (17:36, 22:14), а по еднаш Алими (17:49), Сулејман (30:39) и Димовски (36:51 мин.)
Кај Кипраните хет-трик забележа Мантели (5:11, 5:45, 23:40 пенал), а еден погодок имаше Маноли (29:39).
В петок чаирчани ќе ги одмерат силите против домашниот хрватски тим на Ново Вријеме од 20.30 часот.