ЛШ: Сензација на „Камп Ноу“, Зенит немоќен! (ФОТО+ВИДЕО)

фото:твитер

Денеска во четвртото коло од Лигата на шампионите составот на Барселона пред своите навивачи не успеа да ја оправда фаворитската улога.

Каталонците одиграа само 0:0 против Славија Прага, иако остануваат првопласирани во групата „Ф“, а ова реми секако е големо и значајно за Чесите да се борат евентуално за третата позиција која води во Лига Европа.

И вечерва Барса доминираше на теренот, но треба да се истакне дека и Славија играше доста добро, храбро и напаѓачки. Најдобрата шанса во првото полувреме на „Камп Ноу“ ја имаа домаќините во 35. минута, но Меси ја погоди стативата.

Пред паузата гостите постигнаа гол, но истиот беше поништен поради офсајд. И во вториот дел Лео Меси имаше прекрасна можност за реализација, но Колар ја спаси Славија од пораз.

Еве и еден интересен податок, Славија е првиот тим кој не примил гол на „Камп Ноу“ во групната фаза на ЛШ. Последната екипа која тоа го направи беше Бенфика во декември 2012 година.

Се одигра уште еден меч, Лајпциг со 0:2 триумфираше во Ст. Петербург против Зенит и сега има девет бодови во групата „Г“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот