ЛШ: Реал без Бејл против Манчестер сити! (ФОТО)

twitter.com/realmadriden

Тренерот на „кралскиот“ клуб одлучи велшката ѕвезда да не се најде во составот за дуелот од Лигата на шампионите против Манчестер сити.

Реал Мадрид на реваншот на „Етихад“ стадионот доаѓа со негатива од 1:2, Зинедин Зидан го објави списокот од 23 играчи, а помеѓу нив не е Герет Бејл, како и Џејмс Родригез.

Возвратната пресметка ќе се игра в петок од 21.00 часот за пласман на „Фајнал-ејт“.

Бејл не беше ниту во тимот минатиот месец против Леганес во последниот дуел од сезоната во „Ла Лига“.

Велшанецот последниот настап го имаше во домашната победа од 2:0 против Мајорка на Александар Трајковски во јуни.

Бејл кој има договор до 2022 година, четирипати ја освои ЛШ со Реал и често се поврзува со заминување од „Бернабеу“, но тој не сака да се пресели во друг клуб.

Составот на Реал Мадрид за дуелот против Манчестер сити: Куртоа, Ареола, Алтубе, Карвахал, Милитао, Серхио Рамос, Варан, Начо, Марсело, Менди, Хави Хернандез, Крос, Модриќ, Касемиро, Валверде, Иско, Азар, Бензема, Лукас, Јовиќ, Асенсио, Брахим, Винисиус Јр., Родриго.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот