ЛШ: Ракип и Малме со минимална предност ќе патуваат во Исланд

Ердал Ракип од 2023 година ќе биде слободен агент/Фото: EPA-EFE/Andreas Hillergren

Малме на домашен терен триумфираше со 3:2 против Викингур Рејкјавик во првиот натпревар од првото квалификациско коло во Лигата на Шампионите.

За домаќините стартер беше македонскиот репрезентативец Ердал Ракип кој настапи до 80 минута.

Головите за Швеѓаните ги постигнаа Олсон, Тоивовен и Бирманчевиќ, а на спротивната страна за Исланѓаните стрелаа Ингасон и Гудјонсон.

Реванш средбата меѓу Викингур и Малме ќе се одигра на 12 јули во Рејкјавик.

Во другите мечеви: Пјуник Ереван – Клуж 0:0, Лудогорец – Сутјеска 2:0, Балкани – Жалгирис 1:1, Лех Познањ – Карабах 1:0, ТНС – Линфилд 1:0 и Шамрок Роверс – Хибернијанс 3:0.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот