ЛШ: Радост за Елмас во Салцбург, Мертенс испишува историја со Наполи! (ФОТО+ВИДЕО)

twitter.com/en_sscnapoli

Во рамките од групата „Е“ екипата на Наполи ја забележа и втората победа овојпат во Австрија кај Салцбург триумфирајќи со конечен резултат 2:3, а во победничките редови настапи и македонскиот репрезентативец Елиф Елмас.

Воедно да додадеме уште еден интересен податок, Мертенс се доближи на само еден погодок од славниот Диего Марадона по бројот на голови во историјата за Наполи.

Сега Мертенс има 116 голови, еден повеќе од славниот Диего Марадона (115). Секако да не се заборави фактот дека Марек Хамшик има најмногу погодоци, вкупно 121.

Во 17. минута Мертенс донесе водство за „наполитанците“, а пред крајот на првото полувреме израмнија популарните „црвени бикови“ преку Хааланд.

Мертенс по вторпат се запиша во листата на стрелците во 64. минута, но повторно израмнија играчите на Салцбург, благодарение на вториот гол на Хааланд..

Дефинитивно Мертенс беше еден од најзаслужните за трите бода на калчолигашот, асистираше за победа до Инсиње во 73. минута од средбата. Елмас настапи од 80. минута како замена за Каљехон.

Барселона во групата „Ф“ исто така дојде до вториот триумф сезонава, беше совладана Славија Прага минимално со 1:2. Лионел Меси уште во третата минута најави дека Каталонците одат на трите бода.

Па, на стартот од вториот дел од Чесите израмнија во 50. минута преку Борил, но самите си „пресудија“ пораз седум минути подоцна со автоголот на Олајинка, во обидот Суарез да го загрози погодокот на домаќините.

Лига на шампиони

3. коло, резултати

Група „Е“

Салцбург-Наполи 2:3
Генк-Ливерпул 1:4

Табела: Наполи 7 бодови, Ливерпул 6, Салцбург 3, Генк 1.

Група „Ф“

Интер-Дортмунд 2:0
Славија Прага-Барселона 1:2

Табела: Барселона 7 бодови, Интер 4, Дортмунд 4, Славија Прага 1.

Група „Г“

Лајпциг-Зенит 2:1
Бенфика-Лион 2:1

Табела: Лајцпиг 6 бодови, Зенит 4, Лион 4, Бенфика 3.

Група “Х“

Ајакс-Челзи 0:1
Лил-Валенсија 1:1

Табела: Ајакс 6 бодови, Челзи 6, Валенсија 4, Лил 1.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот