ЛШ: Познати учесниците во Келн, жрепката за полуфиналните двојки на 24 мај

Кил во Келн ќе ја брка својата петта европска титула/Фото: EPA-EFE/CHRISTOPHE PETIT TESSON

Ги дознавме сите четири екипи кои ќе се борат на Фајнал-фор турнирот во Келн на 18 и 19 јуни за титулата во ЕХФ Лигата на шампионите.

Пласман во полуфиналните борби обезбедија екипите на Кјелце (Полска), Барселона (Шпанија), Кил (Германија) и унгарскиот Веспрем на македонскиот репрезентативец Дејан Манасков.

На реваншот од четвртфиналниот двомеч меѓу ПСЖ и Кил во Германија триумфираше германскиот претставник со 33:32, на првиот меч во Франција немаше победник (30:30).

Кил во Келн ќе ја брка својата петта европска титула, Барселона која е најтрофејна има 10 титули, Кјелце беше еднаш шампион во 2016 година, а Веспрем четирипати беше финалист, но ниту еднаш досега не се искачил на тронот.

Како што најавија од Европската ракометна федерација (ЕХФ), жрепката за полуфиналните двојки во ЛШ ќе се одржи на 24 мај во вторник.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот