ЛШ, потврден датумот: Дали Лион може да го елиминира Јувентус? (ВИДЕО)

фото: твитер

Како што тврди првиот човек на францускиот клуб, Ола за „РТЛ Фудбал“, реваншот во Торино ќе се одигра на 7 август..

Претседателот на францускиот клуб Лион, Жан-Мишел Ола ја потврди информацијата дека неговата екипа кон почетокот на август ќе го игра реванш натпреварот од осминафиналето во Лигата на шампионите против Јувентус во Торино.

– Натпреварот е закажан за 7 август и ќе биде одигран пред празните трибини во Торино – рече Ола за „РТЛ Фудбал“.

Француските власти неодамна донесоа одлука за предвремено завршување на сезоната во „Лига 1“ поради пандемијата на коронавирус, и ПСЖ беше прогласен за шампион. Лион во меѓувреме се надева дека по судиски пат ќе биде поништена одлуката од федерацијата.

Да се вратиме на ЛШ, дали Французите имаат сила да приредат изненадување ова лето, елиминирајќи ја „Старата дама“ која и сезонава е меѓу кандидатите за освојување на титулата во европската елита.

Потсетување дека во првиот меч на домашен терен славеше минимално Лион против Јуве со 1:0.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот