ЛШ: Победа на Еурофарм Работник со гол во последната секунда

facebook.com/rkeurofarmrabotnik

Во својот осми натпревар во дебитантската сезона од Лигата на шампионите, вечерва во салата „Боро Чурлевски“, Еурофарм Работник со 32:31 триумфираше над Савехоф од Шведска.

Иако после првото полувреме македонскиот ракометен клуб имаше дури шест разлика (18:12), повторно како по обичај дозволи да влезе во мечот во неизвесна завршница, но таа сега имаше среќен крај за домаќините.

Херој на битолчани беше црногорскиот интернационалец Радовиќ кој во последната секунда донесе голема радост и втора победа за неговиот клуб во ЛШ.

Во победничките редови по шест голови имаа Остроушко, Јотиќ и Радовиќ, а на спротивната страна за шведскиот претставник девет запиша Богојевиќ.

На табелата после осум кола води Бидасоа Ирун со 14 бодови, пред Спортинг (11), Савехоф има 10, следуваат Татран Прешов (пет), а по четири Еурофарм Работник и Кокс.

Битолската екипа уште од претходно ги загуби шансите за пласман во наредната фаза, до крајот има уште два натпревари, на 20. ноември гостува во Финска кај Кокс, а завршува дома пред своите навивачи против шпанската екипа на Бидасоа на 30. ноември 2019 год.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот