ЛШ: Пеналите среќни за Адеми и Динамо, чудо на „Селтик парк“! (ВИДЕО)

фото: EPA-EFE/SEBASTIAN TATARU

Денеска на програмата беа натпреварите од второто квалификациско коло во Лигата на шампионите во кое имаше неколку изненадувања. Селтик на домашен терен е елиминиран од Ференцварош (1:2), за Унгарците водство донесе Сигер во седмата минута, израмнија Шкотите преку Кристи, а конечниот епилог во контра напад го постави Нгуен во 75 минута на „Селтик парк“.

Потоа, полската Легија ги разочара своите навивачи откако со 0:2 загуби од кипарската Омонија. Напомена дека домаќините беа со играч помалку од 56 минута поради двата жолти картони на Левчук. После регуларниот дел мируваа мрежите, но затоа во продолженијата гостите дојдоа до победата со погодоците на Гомез и Сантош.


Динамо Загреб дури во пенал серијата успеа да триумфира над Клуж во Романија. Гојак во четвртата минута стрелаше за предност на Хрватите кои од 51 минута останаа со играч помалку поради црвениот картон Теофил-Катерин. Во следната минута Романците не реализираа пенал преку Деак, но затоа во 54 минута израмнија со голот на Переира. Кастрати ги врати „модрите“ во позитива во 78 минута, а во самиот финиш од средбата Дебељух (90+3`) стрелаше за нов егал.

Немаше погодоци во двете продолженија, победникот го дознавме преку пеналите во која славеше Динамо 6:5, а свој придонес кон успехот имаше и македонскиот репрезентативец Аријан Адеми кој беше прецизен од белата точка во третата серија. Сараево од БиХ претрпе пораз во Белорусија од Динамо Брест 2:1, а нашиот Крсте Велкоски од клупата за резерви ја гледаше елиминацијата на својот клуб.

Во другите натпревари од 2. квалификациско коло на ЛШ: АЗ Алкмар-Плзењ (1:1, 3:1) по продолженијата, Целје-Молде 1:2, Карабах-Шериф Тираспол 2:1, Судува-Макаби Тел Авив 0:3, Локомотива Загреб-Рапид Виена 0:1, Лудогорец-Митјиланд 0:1, Јанг Бојс-Клаксвик 3:1.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот