ЛШ: Одлучено каде ќе се игра финалето во 2023 година!

twitter.com/F00tainment

Финалето во Лигата на шампионите во 2023 година ќе биде одржано на стадионот „Вембли“ во Лондон, пишуваат британските медиуми.

Тоа ќе биде точно 10 години откако борбата за пехарот во најквалитетното европско фудбалско клупско натпреварување била одржана во англискиот главен град кога Баерн славеше против Борусија Дортмунд и стана шампион на Европа.

Финале на европски куп било одржано на овој стадион во 1963, 1968, 1971, 1978 и 1992 година, а на реновираниот стадион одржано е и финале во 2011 година.

Потсетување дека финалето во ЛШ во 2021 година ќе биде одржано во Санкт Петерсбург, а во 2022 година домаќин ќе биде „Алијанц арена“.

Оваа сезона 2019/20 финалистите ќе ги одмерат силите на стадионот „Ататурк“ во Истанбул на кое беше одржано и легендарното финале помеѓу Ливерпул и Милан.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот