ЛШ: Одлични вести за ПСЖ, со Рамос патува во Манчестер

Веќе во третиот настап за ПСЖ доби црвен картон/ фото: EPA-EFE/CHRISTOPHE PETIT TESSON

Серхио Рамос за прв пат по доаѓањето во клубот ќе биде дел од ПСЖ, денеска и официјално беше потврдено од францускиот клуб.

Поранешниот капитен на Реал Мадрид се бореше со повреди од средината на јули кога пристигна во Париз, но се опорави и денеска неговото име за прв пат се најде на списокот на Маурисио Покетино.

Шпанскиот дефанзивец се врати во вистински момент, ќе биде на клупата на дербито со Манчестер сити, а ПСЖ има императив да победи доколку сака да го освои првото место во групата.

„Граѓаните“ имаат девет бода, париските „светци“ осум и ова е решавачкиот натпревар за врвот.

Добра вест е што тука е и Килијан Мбапе кој беше болен, па така ПСЖ во најсилниот тим гостува во Манчестер. Натпреварот Сити – ПСЖ е закажан за в среда од 21.00 часот.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот