ЛШ: Ниту бод за Еурофарм, Португалците со целиот „плен“ од Битола!

rkeurofarmrabotnik.com

Во првиот натпревар од групата Ц во својата дебитантска сезона во Лигата на шампионите, Еурофарм Работник загуби минимално со 29:30 од Спортинг.

Во салата „Боро Чурлевски“ се играше една рамноправна битка на паркетот во која што немаше да биде незаслужено доколку и тимот на Стевче Алушовски триумфираше на крајот. Спортинг беше максимално ефикасен од линијата за седум метри (6/6), но не и македонскиот претставник кој имаше учинок 2/4, па така тие два нереализирани пенали на крајот го чинеа и пораз.

Во првото полувреме водеше нашата екипа со 6:4 во 10 минута, па со 13:11 во 23 минута. Беше неизвесно на резултатски план до 39 минута кога беше нерешено 20:20, но потоа се дозволи ривалот да направи серија од 4:1 што се покажа и како клучно за крајниот епилог.

Кај домаќините по пет голови имаат Ловро Јотиќ и Владислав Остроушко, а по четири Невен Стјепановиќ и Олександр Шевелев. На спротивната страна 10 погодоци беа дело на Мариан Валентин Јонеа, а пет помалку запиша Карлос Пасарин Руесга.

Во наредното второ коло Еурофарм Работник на 18 септември ќе гостува во Шведска кај Савехоф (19.00 часот).

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот