ЛШ: Наполи со Елмас против Барселона! (ФОТО)

фото: твитер

Македонскиот репрезентативец веќе има вкусено како е да се игра против еден од најголемите светски фудбалски клубови…

Тренерот на Наполи, Џенаро Гатузо ги објави имињата на кои ќе смета за првиот натпревар од осминафиналето во Лигата на шампионите против Барселона кој ќе се одржи во вторник (25. февруари) на „Сан Паоло“ со почеток од 21.00 часот.

Меѓу повиканите се наоѓа и македонскиот репрезентативец Елиф Елмас кој веќе има вкусено како е да се игра против еден од најголемите светски фудбалски клубови, Барса.

Тоа се случи во предсезоната, тогаш „наполитанците“ беа предводени од Карло Анчелоти, каталонскиот гигант беше двапати подобар со 4:0 и 2:1 на пријателските дуели одиграни во САД.

Составот на Наполи за првиот меч во 1/8 финалето против Барселона: Мерет, Оспина, Карнезис, Марио Руи, Луперто, Максимовиќ, Ди Лоренцо, Хисај, Манолас, Деме, Алан, Фабиан, Елмас, Зиелински, Лоботка, Каљехон, Лозано, Мертенс, Политано, Инсиње, Милик.

Претходно се објави и списокот на фудбалери на Барселона која пред влезот во Италија ќе се соочи со безбедносни мерки поради епидемијата на коронавирусот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот