ЛШ: Наполи со Елмас на реваншот против Барселона

фото: твитер

Денеска клубот од „Сан Паоло“ го објави списокот на играчи на кои ќе смета тренерот Џенаро Гатузо за реванш осминафиналниот натпревар на „Камп Ноу“ од Лигата на шампионите.

Помеѓу повиканите е и македонскиот репрезентативец Елиф Елмас, потсетување дека првиот меч заврши 1:1, па така ќе им биде потребно на „наполитанците“ да постигнат еден гол за да ги одржат шансите за пласман во следната фаза.

Во составот на Наполи се наоѓаат: Мерет, Оспина, Карнезис, Марио Руи, Луперто, Максимовиќ, Ди Лоренцо, Хисај, Кулибали, Манолас, Деме, Алан, Фабиан, Елмас, Зиелински, Лоботка, Каљехон, Љоренте, Лозано, Мертенс, Политано, Инсиње, Милик.

Во каталонскиот состав поради жолти картони нема да игра Бускетс, поради црвен ќе отсуствува Видал, а повредени Куенка, Дембеле, Морер и Умтити.

Под знак прашалник за настап во саботната средба се Араујо, Гризман и Ленгле, додека на спротивната страна Гатузо има помалку проблеми, односно неизвесно е само дали ќе играат Манолас и Максимовиќ кои исто така се жалат на повреди.

Реваншот помеѓу Барселона и Наполи е в сабота (21.00 часот), а победникот во четвртфиналето на стадионот „Да Луж“ во Лисабон ќе ги одмери силите против Баерн Минхен или Челси (3:0).

Веќе се познати две четвртфинални двојки во ова елитно натпреварување, Аталанта-ПСЖ и Лајпциг-Атлетико Мадрид.

Конечно се враќа и елитниот фудбал

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот