ЛШ: Митревски блескаше за Порто, ладен туш за париските „милионери“!

Фото: twitter.com/FCPorto

Денеска во рамките од второто коло во Лигата на шампионите составот на Порто ја забележа првата победа сезонава на домашен терен совладувајќи го Мешков Брест со 27:25.

Одличен во редовите на португалскиот клуб беше македонскиот голман Никола Митревски со 13 одбрани. Кај стрелците во победничките редови Соареш имаше пет голови, а на спротивната страна за белорускиот претставник Паниќ запиша девет голови.

ПСЖ кој и сезонава е еден од главните кандидати за шампионскиот трофеј, изненадувачки на домашен терен со 28:29 загуби од Фленсбург.

Иако после првото полувреме бундеслигашот имаше негатива од четири разлика (18:14), успеа да направи целосен пресврт и триумфира над екипата предводена од нашиот поранешен селектор Раул Гонзалез.

Во останатите два меча од денешната програма, Алборг убедливо славеше над Мотор Запорожје (38:29), а Кјелце со 26:23 беше подобар од Пик Сегед.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот