ЛШ, Матеус: Левандовски е подобар и од Меси!

фото: EPA-EFE/LUKAS BARTH-TUTTAS

Легендата на германскиот фудбал, Лотар Матеус пред мечот од четвртфиналето во Лигата на шампионите во кој ќе се сретнат Баерн и Барселона предност му дава на својот поранешен клуб.

Кога зборуваме за Барселона важно е да се напомене дека тоа не е истата екипа како пред неколку години кога беа недопирливи. Го имаат Меси, играч кој е способен индивидуално секогаш да направи нешто добро. Но, тоа не е доволно да се победи тим каков што е Баерн – рече Матеус.

Воедно Германецот смета дека Баварците во своите редови имаат фудбалер кој е подобар и од аргентинската ѕвезда.

Роберт Левандовски не е само најдобар напаѓач на денешницата, тој е моментно најдобар фудбалер на светот во сите сегменти на играта, подобар и од Меси – додаде Матеус.

Четвртфиналниот дуел во ЛШ помеѓу Барса и Баерн ќе се игра на 14 август со почеток од 21.00 часот на стадионот „Да Луж“ во Лисабон.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот