Ви препорачуваме
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5
Од авторите на Слободен Печат
ВОЈНА ВО УКРАИНА
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5
ЛШ: Манасков и Веспрем од „минус четири“ негатива до победа над ПСЖ

Се одиграа и првите три натпревар од групата „Б“ во Лигата на шампионите, во дербито Веспрем на домашен тенре со 34:31 го совлада ПСЖ.
Иако Унгарците на 15 минути до крајот на мечот имаа негатива од „минус четири“ (20:24) на крајот направија целосен пресврт и дојдоа до значајни бодови во натпреварувањето.
Египќанецот Омар беше најефикасен во триумфот со 10 погодоци, два помалку забележа хрватското лево крило Штрлек.
Македонскиот репрезентативец Дејан Манасков беше во составот на Веспрем, но не се запиша во листата на стрелците.
На спротивната страна за француската екипа Данецот Микел Хансен се истакна со седум голови, а пет беа дело на Лука Карабатиќ.
Динамо Букурешт пред своите навивачи со 32:29 славеше над Кјелце, а Порто на нашиот голман Никола Митревски загуби кај Мотор Запорожје со 30:27. Рундата ќе биде комплетирана со дуелот Флензбург – Барселона.
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
-
Најново
-
Најчитано
-
13мин
-
50мин
-
2час
-
3час
-
3час
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5
Препорачано од оваа категорија
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5