ЛШ: Ливерпул не може глава да крене од проблеми, повторно во проблеми со корона
Екипата на Ливерпул која минатата сезона по пауза од 30 години ја освои титулата во Премиер лигата, во новата сезона глава не може да крене од проблеми.
Официјално најдобриот дефанзивец на светот, Вирџил ван Дајк, ќе ја пропушти целата сезона поради повреда, а повредени се уште и Тијаго Алкантара, Александер-Арнолд, Милнер, Гомез, Шаќири, ВАР-технологијата веќе неколку пати им ја одзеде победата како што беше случај изминатиот викенд на гостувањто кај Брајтон, а „редовни“ се и проблемите со коронавирусот.
Голманот на „црвените“ Алисон Бекер нема да настапи на вечерашниот натпревар против Ајакс во Лигата на шампионите бидејќи е позитивен на коронавирус.
Неговото место ќе го зазеде Адријан во важниот натпревар од петтото коло во групната фаза од ЛШ. Ливерпул со поразот од Аталанта си ја искомпликува ситуацијата, тие се први на табелата со девет бода, но по седум имаат Ајакс и Аталанта.
Со големи проблеми се соочува е европскиот шампион Баерн Минхен пред дерби пресметката на вечерта против Атлетико Мадрид. Баварците во Мадрид ќе настапат без најдобриот стрелец Роберт Левандовски и голман Мануел Нојер, како и Леон Горецка со што шпанскиот тим кој ќе игра без Луис Суарез го става во фаворитска улога за да ја прекине неверојатната серија на Баерн од 15 победи по ред во Лигата на шампионите.
Реал Мадрид му гостува на Шахтјор и со позитивен исход од овој натпревар ќе си обезбеди осминафинале, додека Интер го игра најважниот натпревар сезонава, и гостува на Борусија Менхенгладбах и доколку сака да ги задржи шансите за освојување на едно од првите две места на табелата мора да победи.
Двојки за вечерва:
Група А
Локомотив Москва – Салцбург
Атлетико Мадрид – Баерн Минхен
Група Б
Борусија М. – Интер
Шахтјор – Реал Мадрид
Група Ц
Олимпик Марсеј – Олимпијакос
Порто – Манчестер сити
Група Д
Аталанта – Митјиланд
Ливерпул – Ајакс