ЛШ: Ливерпул без навивачите се надева на подвиг против Реал Мадрид

epa09119359 Real Madrid's defender Eder Militao (C) vies for the ball with Liverpool's striker Diogo Jota (L) during the UEFA Champions League quarter final first leg soccer match between Real Madrid and Liverpool FC held at Alfredo Di Stefano stadium, in Madrid, central Spain, 06 April 2021. EPA-EFE/Juanjo Martin

Првиот четвртфинален натпревар заврши со триумф од 3:1 на шпанскиот тим.

Во мај 2019 година, Ливерпул во реваншот од полуфиналето во ЛШ ја победи Барселона со 4:0 и ја анулира негативата од три гола од првиот натпревар со што го направи едно од најголемите чуда во историјата на Лигата на шампионите.

Две години подоцна, Ливерпул повторно се наоѓа пред сличен предизвик, но овој пат противникот не е Барселона туку Реал Мадрид. Но, овој пат фудбалерите на Ливерпул нема да имаат уште еден клучен адут на своја страна, тоа се навивачите кои знаат да им го „загорчат“ животот на гостинските фудбалери. Но, и без навивачите, „црвените“ веруваат дека можат да успеат да ја анулираат негативата од првиот натпревар.

– Мораме да одиграме најдобро што можеме, да се обидеме да победиме. Ќе видиме дали тоа ќе биде доволлно. За нас постои еден проблем, нема да има навивачи и поради тоа ќе мора сами да креираме атмосфера. Кога играте против екипа која е супер квалитетна како што е Реал, тогаш мора да се браните. Ние тоа не го направивме во првиот натпревар. Мислам дека не постои екипа на светот која може да ги спречи фудбалерите на Реал да не создаваат шанси. Затоа мора да дадеме се од себе доколку сакаме успех – изјави менаџерот на Ливерпул, Јирген Клоп.

Од друга страна, „кралевите“ во одличен ритам одат на мегдан со Ливерпул, изминатиот викенд во најголемото светско дерби, популарното Ел Класико ја совладаа Барселона и станаа фаворит за титулата во Ла Лига.
– Ние сме Реал Мадрид и на секој натпревар се обидуваме да победиме. Подготвени сме за уште еден тежок натпревар. На „Енфилд“ ќе излеземе со една цел, да победиме – вели Зинедин Зидан.

Во вториот натпревар, Манчестер сити влегува со предност од 2:1 во реваншот со Борусија Дортмунд.
Манчестер сити досега под водство на Пеп Гвардиола никогаш не играше во полуфинато во ЛШ. Последен пат „граѓаните“  играа во полуфинале во 2015 година кога беа елиминирани од Реал Мадрид.
– се уште не е готово. Во првиот натпревар остаривме добар резултат, но во реваншот може да случат многу работи. Нашата цел е нов триумф – изјави Гвардиола.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот