ЛШ: Лазаров и Нант имаа и „плус четири,“ но Барса е Барса!

лазаров
Македонскиот репрезентативец Кирил Лазаров со ново признание од ЕХФ/Фото: EPA-EFE/Henning Bagger

Денеска во натпреварот од Лигата на шампионите во групата „Б“ Барселона на домашен терен со 30:29 славеше против Нант. На тој начин каталонскиот клуб продолжува со победничката серија, ја забележа и 12 победа во низа од почетокот на сезоната за максимални 24 бода.

Иако Барса беше многу блиску да го претрпе и првиот пораз во ЛШ, откако Французите имаа и „плус четири“ во одредени периоди од денешната средба (12:16, 13:17, 14:18, 15:19).

Гостите ја испуштија таквата убава предност, иако во самиот финиш беа уште еднаш во водство, минимално од 27:28, но и тоа го прокоцкаа, а домаќините до крајот на мечот врзаа три гола во серија и дојдоа до новиот триумф во елитното натпреварување.

За шпанскиот претставник доминираа Арино, Гомез и Мем со по пет голови, а на спротивната страна девет погодоци запиша Ривера.

Во редовите на Нант настапи и македонскиот репрезентативец Кирил Лазаров кој забележа три голови.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот