ЛШ: Лајпциг испишува историја, во полуфиналето „бикови“ против „светци“! (ВИДЕО)

фото: твитер

Вечерва на стадионот „Жозе Алвеладе“ во Лисабон го дознавме и вториот патник во полуфиналето на фудбалската Лига на шампионите, Лајпциг изненадувачки со 2:1 славеше против Атлетико Мадрид. Лајпциг за првпат во својата клупска историја обезбеди полуфинале на едно европско натпреварување.

Сите голови беа реализирани во второто полувреме, Олмо во 51 минута убаво со глава после асистенцијата на Сабицер ја испрати топката во мрежата на Облак за водство на германскиот претставник од 1:0.

Шпанците кои пред натпреварот беа фаворити на хартија успеаја да израмнат од пенал кој го реализираше Жоао Феликс во 71 минута од средбата.

Во 88 минута Анхелињо го пронајде Адамс кој среќно откако топката се одби од еден од противничките дефанзивци, го измами голманот, го постави конечниот епилог и му донесе полуфинале на својот клуб.

На тој начин Лајпциг на 18 август на стадионот „Да Луж“ за пласман во големото финале ќе ги одмери силите против ПСЖ. Втората полуфинална двојка ќе се комплетира после одигрувањето на останатите две четвртфинални средби: Манчестер сити-Лион и Барселона-Баерн Минхен.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот