ЛШ, квалификации: Јувентус со 12 голови во мрежата на ЖФК Каменица Саса

ЖФК Каменица Саса не упати ниту еден удар кон голот на Јуве/Фото: facebook.com/zfk.sasa/

Денеска во квалификацискиот натпревар за Лигата на шампионите во женска конкуренција на гостински терен во Италија ЖФК Каменица Саса загуби убедливо од Јувентус со резултат 12:0.

Македонскиот фудбалски шампион целосно немоќен пред доминантниот Јуве, а тоа го докажа и самата статистика после мечот.

Домашната екипа имаше дури 55 обиди (28 во рамките) кон голот на ЖФК Каменица Саса, а нашиот претставник ниту еден.

Хет-трик запишаа Сташкова и Карусо, два гола имаше Џирели, а по еден гол имаа, Росучи, Бонансеа, Заманиан и Бонфантини.

Во следниот меч нашата екипа ќе ги одмери силите со поразениот од пресметката Ст. Полтен (Австрија) и Бешикташ (Турција).

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот