ЛШ: Конте со лоша вест пред мечот против Реал!
Дури четворица одбранбени играчи се надвор од списокот на Реал Мадрид за претстојниот нов натпревар во Лигата на шампионите. „Кралевите“ во вторник (3 ноември) од 21.00 часот ќе го играат дербито на третото коло во ЛШ на домашен терен против Интер.
Во групата „Б“ изненадувачки води Шахтјор Доњецк со четири бода, пред Борусија Менхенгладбах и Интер кои имаат по два, а последен е Реал со еден.
Шпанскиот гигант се соочува со проблеми во дефанзивниот дел, како што е веќе објавено, Едер Милитао е позитивен на ковид-19. Повредени се Начо Фернандез, Дани Карвахал и Алваро Одриозола.
Составот на Реал Мадрид за утрешниот дуел со Интер: Куртоа, Лунин, Алтубе, Серхио Рамос, Варан, Марсело, Менди, Сантос, Крос, Модриќ, Касемиро, Валверде, Иско, Азар, Бензема, Асенсио, Лукас Вазкез, Јовиќ, Винисиус Јуниор, Мариано Диаз, Родриго.
Во составот на Интер од ковид-19 се опорави Милан Шкринијар, што е добра вест за навивачите на италијанскиот клуб, но лошата е што тренерот Антонио Конте ќе биде без една од најголемите ѕвезди, Ромелу Лукаку.
Белгиецот е повреден поради што го пропушти дуелот со Парма, па во нападот на „неро-аѕурите“ се очекува да бидат Лаутаро Мартинез и Алексис Санчез.