ЛШ: Кој ќе го суди мечот Номе Калју-Шкендија? – Слободен печат
СпортФудбал

ЛШ: Кој ќе го суди мечот Номе Калју-Шкендија?

Познати се арбитрите кои ќе делат правда на првиот натпревар од стартното квалификациско коло на ЛШ меѓу Номе Калју и Шкендија.

Македонскиот шампион Шкендија ќе гостува во Естонија на 9 јули со почеток од 18.00 часот во првиот меч од првото квалификациско коло од Лигата на шампионите.

Главен судија во првите 90 минути на „Кадриорг“ стадионот во Талин ќе биде Доналд Робертсон од Шкотска.

Ќе му помагаат неговите сонародници Грем Стјуарт и Даниел МекФарлан, а УЕФА делегатот доаѓа од Велс, Киран О`Конор.

Воглавно судел на мечеви од шкотскот првенство, на меѓународен план има дуели од квалификации за играчи до У19 и У21, по еден квалификациска средба во ЛШ и Лига Европа.

Реваншот е на 16 јули кој ќе стартува од 17.00 часот на Националната арена „Тодор Проески“ – Скопје. Фудбалерите на Ќатип Османи на подготовките во Словенија одиграа четири контролни средби, со учинок од две победи над Олимија (1:0) и Жилина (1:0), и два порази од Злин (0:1) и Зорја (0:3).

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Слободен Печат значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени на сајтот.

Тагови

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Close