ЛШ: Кобен финиш на Еурофарм Работник во Финска

Во својот претпоследен натпревар во дебитантската сезона од Лигата на шампионите ракометарите на тренерот Стевче Алушовски повторно во една неизвесна завршница овојпат за нивна несреќа загубија од Кокс со 23:21 (13:13).

Се водеше рамноправна битка меѓу двете екипи, а македонската екипа потфрли кога беше најпотребно, иако воглавно го контролираа резултатит. Во 15. минута Еурофарм Работник имаше предност од 5:7, па пет минути подоцна 7:9 после погодокот на Јотиќ.

И во второто полувреме одржуваа „плус два“ на семафорот (16:18, 41. мин.), а последната позитива ја имаа 53. минута (20:21).

До крајот остануваа уште седум минути до крајот кои на крајот испаднаа кобни за Еурофарм Работник кој не знаеше повеќе за гол, а противниците казнуваа и реализираа трипати, што се покажа како клучно за крајниот епилог.

Таминен беше најефикасен со шест голови кај домаќините, а кај нашиот претставник Јотиќ имаше пет, еден помалку Остроушко. Во последното 10. коло од групата „Ц“ битолскиот клуб ќе игра против Бидасоа Ирун од Шпанија на 30. ноември во салата „Боро Чурлевски“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот