Извлечени паровите за четвртфиналето во Лигата на шампионите

Фото: EPA-EFE/SEDAT SUNA

Откако во текот на неделата ги добивме најдобрите осум во Лигата на шампионите, денес беа извлечни и четвртфиналните парови во најелитното европско натпреварување.

Најмногу претставници во четвртфиналето има Италија (Милан, Интер и Наполи), Англија има два (Манчестер Сити и Челси), а по еден Шпанија (Реал Мадрид), Германија (Баерн Минхен) и Португалија (Бенфика).  Свој претставник ќе има и Македонија со Елиф Елмас кој го носи дресот на Наполи.

Најголемото дерби е Манчестер Сити – Баерн Минхен, но секако ништо помалку интересна не е ниту пресметка помеѓу Реал Мадрид и Челси. Интер ја доби Бенфика која беше најпосакуваниот тим во ждребот, додека Милан и Наполи ќе одлучуваат кој ќе оди во полуфиналето во италијанска пресметка.

Може да се каже дека Италијанците имаа добар ждреб затоа што победниците од Интер – Бенфика и Милан – Наполи ќе играат во полуфиналето, па многу лесно може да видиме италијански претставник во финалето.

ЧЕТВРТФИНАЛЕ ЛИГА НА ШАМПИОНИ

Реал Мадрид – Челси

Манчестер Сити – Баерн Минхен

Mилан – Наполи

Интер – Бенфика

Првите натпревари се играат на 11. и 12. април, а реванш дуелите се една недела подоцна, односно на 18. и 19. април.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот