ЛШ: Германската машина не запира, Баерн си обезбеди пресметка за трофејот со ПСЖ (ВИДЕО)

epa08613557 Bayern Munich's Serge Gnabry (C) celebrates after scoring the third goal against Lyon during the UEFA Champions League semi final match held at Jose Alvalade Stadium in Lisbon, Portugal, 19 August 2020. EPA-EFE/JOSE SENA GOULAO

Германскиот тим е вториот финалист во Лигата на шампионите откако вечерва со 3:0 го совлада Олимпик Лион.

Фудбалерите на Баерн Минхен по неверојатната победа од 8:2 над Барселона во четвртфиналето, во полуфиналето постигна само три гола но и тие беа доволни за победа и борба за трофејот во елитното клупско натпреварување. Баерн Минхен и ПСЖ во недела ќе играат во големото финале ЛШ.

Баварците пласманот во финалето го обезбедија со стил, со уште еден одличен натпревар на кој постигнаа три гола.
Почетокот на натпреварот покажа зашто Олимпик Лион е полуфиналист, а не Манчестер сити, силно го започна натпреварот и закануваше преку контранападите, но еден момент од средбата ги „пресече“, голот на Серж Гнабри во 18. минута кога се сам направи и со одличен шут од 16-тина метри го совлада голманот Лопез.

Тоа на крајот се покажа како вистински лек за офанзивната игра на Лион кој во почетните минути пропушти две неверојатни шанси, прво Мемфис Депај во четвртата минута кога излезе сам пред голманот Ноер но го погоди надворешниот дел од мрежата. Потоа и Екамби имаше одлична шанса, но неговиот шут во 17. минута заврши во стативата.

Од тој момент работите се свртеа во обратна насока, Баерн загосподари на теренот и во 18. минута го отвори резултатот, а стрелецот на првиот гол, Серж Гнабри во 33. минута го постигна и вториот гол на средбата откако одлично реагираше по промашувањето на Левандовски.

Точна на натпреварот и пласманот во финалето за Баерн Минхен стави Роберт Левандовски во 88. минута и си закажа пресметка во неделното финале со уште еден француски тим, ПСЖ.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот