ЛШ, Гарсија: Јувентус не е само Дибала и Роналдо!

EPA-EFE/ALESSANDRO DI MARCO

В петок (21.00 часот) на стадионот во Торино Лион ќе се обиде да ја одбрани предноста од 1:0 стекната на првиот меч од осминафиналето во Лигата на шампионите.

Француската екипа е свесна дека задачата ќе биде тешка, бидејќи пред себе ќе го има повеќекратниот првак на Италија, Јувентус.

Обично кога триумфирате на првиот натпревар, имате подобри шанси да се пласирате во следната фаза, но во овој случај со оглед на силата на противникот, шансите се 50-50. Јуве има девет титули по ред во Серија А, тоа доволно кажува за неговата сила. Од друга страна, не се така солидни дефанзивно како во минатите години и ќе се обидеме да го искористиме тоа. Одиме да постигнеме гол, и доколку успееме во тоа, ќе биде полесно за нас да се најдеме во следната фаза од натпреварувањето – рече тренерот на Лион, Руди Гарсија.

За оваа возвратна пресметка во редовите на „Старата дама“ неизвесен е настапот на Пауло Дибала, кој има повреда на мускул, но секако се очекува Кристијано Роналдо да го предводи нападот.

Јувентус не е само Дибала и Роналдо, имаат многу големи ѕвезди во составот. Па така, остануваме скромни, но и амбициозни. Целта е да се пласираме во четвртфиналето – додаде францускиот стратег.

Потсетување дека завршниот турнир од осум најдобри екипи во ЛШ (поради ситуацијата со Ковид-19) ќе се игра во еден град, Лисабон, Португалија.

Победникот од дуелот Јувентус-Лион во четвртфиналето на стадионот „Да Луж“ ќе ги одмери силите против подобриот од двомечот Манчестер сити-Реал Мадрид (2:1).

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот