ЛШ, Фајнал-фор: Манасков во полуфиналето против Кил!

twitter.com/telekomveszprem

Денеска со жрепка беа формирани полуфиналните двојки на Фајнал-фор турнирот од машката ракометна Лига на шампионите кој ќе се одржи во Келн (Германија) годинава на 28-29 декември.

Како што е веќе познато поради пандемијата на коронавирусот, беа откажани осминафиналните натпревари од минатата сезона 2019/20, помеѓу кои беше и дуелот Вардар 1961-Пик Сегед.

ЕХФ одлучи место на завршниот турнир да играат Барселона, ПСЖ, Кил и Веспрем кои беа на првите две позиции во групите „А“ и „Б“.

Ждребот одлучи унгарскиот Веспрем во чии редови настапува македонското лево репрезенативно крило Дејан Манасков во полуфиналето да ги одмери силите против Кил.

А во втората полуфинална средба Барселона ќе се соочи со ПСЖ на чија клупа е екс тренерот на Вардар 1961 и воедно наш поранешен селектор, Раул Гонзалез.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот