ЛШ: Естонците не се плашат од Шкендија

Фото: LIISI TROSKA

Номе Калју е свесен за квалитетот на македонскиот шампион Шкендија, но и ги анализираше воедно слабостите на нашиот претставник. Дуелот денеска од Талин ќе се игра од 18.00 часот.

– Мораме да веруваме во нашите сили, најважни ќе бидат дисциплината, самодовербата кај фудбалерите и концентрацијата од првата до последната минута. Со таков начин можеме да дојдеме до позитивен резултат. Шкендија е типичен балкански тим, кој сака да нападне, но има и свои „мирни“ периоди. Воедно оваа екипа ја красат и неколку тактички опции – вели стратегот на Номе Калју, Кожуховски.

Се надева дека по првите 90 минути неговите играчи нема да примат гол, но и знае дека ќе има и реванш во Скопје.

Своите очекувања во пресрет на вечерашниот дуел ги сподели и тренерот на ФК Шкендија, Ќатип Османи.

Победникот од оваа пресметка во второто квалификациско коло од ЛШ ќе игра со подобриот од Селтик и Сараево на нашиот Крсте Велкоски.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот