ЛШ: „Драгонки“ за два меча веќе примија 16 голови

facebook.com/WFC-Dragon-2014-Skopje

Денеска во рамките од квалификациската група 1, „драгонки“ во второто коло загубија со дури 11:0 од исландската екипа на Бреидаблик.

Четири пати во листата на стрелците се запиша Торвалдсдотир, по двапати Антонсдотир и Магнусдотир, а по еднаш Гунлаугсдотир, Вилхјалмдсдотир и Јохансдотир.

ЖФК Драгон: Коларовска, Шемсовиќ (Петковиќ 90+4`), Дервиши, Николовска (Петревска 65`), Д. Костова, Костеска, Живиќ, Панеска (Гегова 52`), Белистојаноска, Петровска, Ѓорѓевска.

Статистички противникот имаше 17 удари во рамките на нашиот гол, а Драгон само еден.

Во првото коло загубија од Сараево со 5:0. Последната трета шанса за евентуален триумф и секако погодоци, нашиот претставник ќе ја има во вторник против израелскиот тим на АСА Тел Авив.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот