ЛШ: Доколку некој може да се врати против ПСЖ, тоа е токму Баерн

epa09121260 Bayern's Leon Goretzka (L) in action against PSG's Marquinhos (C) and PSG's Presnel Kimpembe (R) during the UEFA Champions League quarterfinal, 1st leg soccer match between FC Bayern Muenchen and Paris Saint-Germain in Munich, Germany, 07 April 2021. EPA-EFE/LUKAS BARTH-TUTTAS

Францускиот тим вечерва на „Паркот на принцевите“ ќе ја брани предноста од 3:2 од првиот натпревар.

Актуелниот европски шампион, Баерн Минхен, минатата недела одигра спектакуларен натпревар и тоа без својот најдобар играч Роберт Левандовски, но на крајот загуби со 2:3. Но, сепак баварците не се откажуваат од пласманот во полуфиналето во ЛШ иако повторно ќе играат без Левандовски.
– Знаеме дека ни се потребни најмалку два гола и знаеме колку мора да ризикуваме за да успееме во оваа намета. Да, потребно ни е нешто големо, но ова се натпревари за кое се живее – вели тренерот на Баерн Минхен, Ханси Флик.

Но, Флик нема проблеми само со отсуството на својот најдобар фудбалер Левандовски, тој вечерва нема да може да смета ниту на Серж Гнабри, Никлас Зиле, Контенан Толисо, Марко Рока и Даглас Кошта.
– Што е потребно за победа? Да имаме подобра реализација од првиот натпревар кога пропуштивме премногу шанси – додава Флик.

Иако има предност од првиот натпревар, ПСЖ има лошо искуство во минатото. „Светците“ се уште ги паметат болните елиминации од Барселона и ПСЖ…
– Се е можно, и не сметам дека имаме некаква предност. Баерн е најдобар тим на светот и имаме голем респект кон се што прават бацарците. Но, веруваме во себе и затоа мислиме само на победата – вели тренерот на ПСЖ, Маурисио Покетино.

Голема предност од првиот натпревар пред вечерашниот реванш има и Челси кој веќе со едната нога е во полуфиналето. Челси славеше со 2:0 на првиот натпревар против Порто кој се играше во Севиља, а фаворитската улога ќе ја има и на вечерашниот натпревар кој исто така ќе се игра во Севиља.
– На првиот натпревар имавме и падови, но поголем дел од средбата ние го контролиравме ритамот и направивме многу. Но, не смееме да се опуштиме бидејќи Порто може да одговори на се. Ништо не е завршено, не чекаат уште 90. минути и мора да бидеме подготвени на се – вели менаџерот на Челси, Томас Тухел.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот