ЛШ: Динамо без Адеми на првиот меч од плеј-офот против Шериф

Македонскиот репрезентативец Адеми и натаму не е доволно опоравен од повредата/Фото: EPA-EFE/Domenech Castello

Во вторник и среда ќе се играат првите натпревари од плеј-офот во Лигата на шампионите, а место во групите бара и Динамо Загреб на македонските репрезентативци Аријан Адеми и Стефан Ристовски.

Утре од 21.00 часот во Молдавија гостува хрватскиот првак кој ќе ги одмери силите против Шериф Тираспол.

Тренерот на „модрите“, Дамир Крзнар потврди дека во составот за првите 90 минути на ова гостување нема да биде Адеми кој и натаму не е целосно опоравен од повредата, иако беше на клупата за резерви на реваншот од третото квалификациско коло на ЛШ против полската Легија пред шест дена.

Крзнар ќе има на располагање 23 играчи, меѓу нив и Ристовски, а недостасуваат повредените Лауритсен, Адеми и Кастрати кој не не доби влез за влез во Молдавија.

– Свесни сме за нашиот квалитет, но исто така сме свесни дека треба да бидеме мудри, паметни и трпеливи. Мораме да го направиме овој последен чекор кон Лигата на шампионите многу сериозно и понизно – рече тренерот на Динамо, Крзнар.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот