ЛШ: Дибиров со најдобриот гол, Скубе во тимот на колото! (ВИДЕО)

Спектакуларната комбинација со фантастичен финиш на вардаровите ракометари против Украинците е најдоброто во изборот на ЕХФ тв..

Изминатиот викенд Вардар успеа со победата над Мотор Запорожје и официјално да го обезбеди пласманот во осминафиналето во ракометната Лига на шампионите.

Македонскиот и европски шампион по подолго време им се врати на победите и во вистински момент, и покрај тешката ситуација во која се наоѓа клубот.

Во Спортскиот центар „Јане Сандански“ навивачите беа осмиот играч на „црвено-црните“, играчите на Алушовски возвраќаа со голови и убави потези.

А кога сме веќе кај атрактивните погодоци, повторно Вардарци се во изборот на ЕХФ тв. Овој потег веќе беше објавен веднаш после одиграниот натпревар, и дефинитивно се најавуваше дека ќе биде во Топ 5 најдобри голови.

ЕХФ тв ја смести спектакуларната комбинација со фантастичен финиш на Сташ Скубе и Тимур Дибиров на првото место.

Прочитајте и...  Вака би изгледала табелата во Премиер лигата без судиските грешки! (ФОТО)

Освен тоа, словенечкиот плејмејкер Скубе се најде во тимот на колото, после блескавата партија против Украинците како прв стрелец со осум голови.

Покрај Скубе како најдобар среден бек, во ова друштво се наоѓаат уште: левото крило – Уго Деска (Монпелје), лев бек – Жоан Канелјас (ПИК Сегед), десен бек – Алекс Душебаев (Кјелце), десно крило – Мариус Штајнхаузер (Флензбург), пивот – Хенрик Пекелер (Кил), голман – Андреас Вулф (Кјелце).

Прочитај повеќе

Позитивен случај на коронавирус ги одложи подготовките на Работнички

Слободен печат

Тотенхем ги казни грешките на Арсенал! (ВИДЕО)

Слободен печат

„Ла Лига“: Барди стрелаше во поразот на Леванте! (ВИДЕО)

Слободен печат

Деветти гол на „Гранде Пандев“ во Серија А! (ВИДЕО)

Слободен печат

Хамилтон најдобар на Штаерска, дебакл на Ферари! (ВИДЕО)

Слободен печат

Алиоски и Лидс се многу блиску до учество во Премиер лигата (ВИДЕО)

Слободен печат

Остави Коментар

Прочитај повеќе

Ѓоковиќ со најголеми шанси, „кралот на земјата“ само трет фаворит на „Ролан Гарос“!

Слободен печат

Барса до крајот на сезоната без Гризман!

Слободен печат

Сејдини: Првата лига ќе брои 12 клубови

Слободен печат

Присутните делегати го усвоија финансискиот план – буџет на ФФМ

Слободен печат

Поп Ацев исплива соло маратон во чест на легендата Нико Нестор

Слободен печат

Комедија во Романија: Трипати го повторуваа пеналот, сите утнаа! (ВИДЕО)

Слободен печат