ЛШ: Дибиров со четврти гол на колото, Гедбан во Топ 5 одбрани! (ВИДЕО)

facebook.com/rkvardar

Македонскиот и европски шампион Вардар изминатиот викенд ремизираше на домашен терен (28:28) против полскиот состав на Кјелце.

На овој дуел својата најдобра партија досега во сезоната ја имаше алжирскиот голман Калифа Гедбан, посебно во второто полувреме кога одбрани фантастични топки во клучните моменти.

Една од неговите одбрани се најде во изборот на ЕХФ, во Топ 5 одбрани на колото, поточно сместена на петтата позиција.

ТОП 5 ОДБРАНИ НА КОЛОТО ВО ЛШ, ПОГЛЕДНЕТЕ ТУКА

Исто така руското лево крило на нашиот првак, Тимур Дибиров се најде во Топ 5 голови на колото, односно се наоѓа на четвртото место.

ТОП 5 ГОЛОВИ НА КОЛОТО ВО ЛШ, ПОГЛЕДНЕТЕ ТУКА

Моментно „црвено-црните“ се на третата позиција во групата „Б“ и наредното осмо коло ќе го играат во Полска против Кјелјце на 16 ноември со почеток од 18.00 часот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот