ЛШ: Дибиров прв стрелец во победата над Порто, Митревски запиша осум одбрани

фото: EPA-EFE/ANTONIO BAT

Денеска во рамките од третото коло во „А“ од ЕХФ Лигата на шампионите екипата на ППД Загреб на домашен терен со 29:23 беше подобар од Порто.

Во првиот триумф сезонава за хрватскиот првак доминираше екс играчот на Вардар 1961, Тимур Дибиров со 10 голови. На спротивната страна за португалскиот претставник по три погодоци имаа Алварез Итуриза, Салина, Алвес и Магалхаеш. Македонскиот голман Никола Митревски запиша осум одбрани.

Во истата група потешко од очекувањата Веспрем дојде до третата победа остварена пред своите навивачи против Динамо Букурешт.

Иако Романците водеа по првото полувреме со 17:15, неколку пати имаа и „плус четири“ позитива, но во вториот дел Унгарците направија целосен пресврт и славеа со 33:30.

По пет голови за Веспрем забележаа Фати Омар, Ненадиќ и Лауге Шмид, а кај поразениот Кашпарек и Акименко постигнаа по седум погодоци, а шест Кудуз.

На табелата води Веспрем со шест бодови, пред Магдебург (4), ГОГ (3), ПСЖ (2), Висла Плоцк (2), ППД Загреб (2), Динамо Букурешт (1) и Порто (0).

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот