ЛШ: Дербито на колото ќе се игра во Лондон меѓу Арсенал и ПСЖ

фото: EPA-EFE/MARTIAL TREZZINI

Во нов формат денеска ќе стартува второто коло од групната фаза во Лигата на шампионите – клубовите го играат вториот од вкупно осум натпревари во елитното клупско фудбалско натпреварување.

Од 18.45 часот ќе играат Ред Бул Салцбург – Брест и Штутгарт – Спарта Прага, а од 21.00 часот се закажани следните мечеви: Арсенал – ПСЖ, Барселона – Јанг Бојс, Баер Леверкузен – Милан, Борусија Дортмунд – Селтик , Интер – Црвена звезда, ПСВ – Спортинг и Слован Братислава – Манчестер сити.

Средбата меѓу Арсенал и ПСЖ е еден од најинтересните натпревари на вечерта – лондонскиот клуб го пречекува францускиот шампион во третиот меѓусебен натпревар. Досега двата меча завршија нерешено, а клубовите сакаат да го поправат несовршениот впечаток од првите натпревари.

Во првото коло Арсенал ремизираше 0:0 со Аталанта, додека ПСЖ ја победи Жирона на македонскиот репрезентативец Бојан Миовски со 1:0 со голот на Нуно Мендеш.

– Противникот со кој играме е еден од најсилните во Европа, што е голема шанса да видиме како се справуваме со таков противник и колку сме подготвени – рече тренерот на Арсенал, Микел Артета.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот