ЛШ: Дали Аталанта ќе го расипе роденденот на ПСЖ?

Вечерва продолжуваат возбудувањата во фудбалската Лига на шампионите со натпреварите од четвртфиналето на завршниот турнир во Португалија.

Од 21.00 часот на стадионот „Да Луж“ во Лисабон екипата на Аталанта, досега најголемото изненадување во натпреварувањето, ќе ги одмери силите против ПСЖ.

Според најавите во италијанската екипа поради повреди немаат да играат Голини, Иличиќ и Паломино, а на спротивната страна за францускиот шампион поради жолти картони ќе недостасува Ди Марија.

Денеска париските „светци“ слават јубилеј 50 години од своето постоење (клубот формиран 12 август 1970), и имаат шанса роденденот да го крунисаат со учество во полуфиналето, а таму доколку триумфираат играчите на тренерот Томас Тухел против победникот од утрешната пресметка меѓу Лајпциг и Атлетико Мадрид.

Тешко е да се игра против Аталанта. Ова е голем предизвик, но секогаш има можности – рече тренерот на ПСЖ, Тухел.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот